Јавете ни се: +389 78 844 927   |  Пратете ни порака: info@eventsolutions.mk

За нас

Кои сме ние?

Адора Евент Солутионс е компанија која повеќе од една деценија успешно работи во сегментот на услуги за организација на настани, конференции, семинари, хибридни настани, деловни состаноци, како од технички, така и од организациски аспект.

Од првиот ден на нашето основање, бевме водени само од нашата мисија: Квалитетна услуга за нашите клиенти, кои се непресушен извор на наша инспирација.

Со сериозниот пристап во реализацијата на целосни решенија при организација на Вашите настани, Адора Евент Солутион стана синоним за врвен квалитет, препознаен не само во земјата, туку и во странство.

Горди сме на огромниот број задоволни клиенти, кои со посебен пиетет ги препорачуваат нашите услуги на своите деловни партнери. Широката лепеза на клиенти од различни области на општественото живеење и деловниот свет, ни нудат огромна предност на пазарот, надополнувајќи го секојдневно нашето богато искуство.

Секој успешно реализиран проект е резултат на посветеноста, знаењето и искуството на нашиот тим, кој со позитивен пристап, исполнет со безброј идејни решенија, ви дава чувство на сигурност при реализација на Вашите настани. 

Особено внимание посветуваме на модернизација и следење на светските трендови во сегментот на организација на настани, пред се од технички и квалитативен аспект.

Професионалци од светска класа

Ние сме АЕС. Водечка компанија за организација на настани во Македонија. Ние нудиме разновидни услуги за управување со настани, почнувајќи од обезбедување на локација, стручни совети, транспорт и високо софистицирана техничка опрема.

Некои од нашите клиенти

Ние веруваме дека секој проект претставува шанса и предизвик да освоиме нови граници во нашата област. Секогаш сме инспирирани од нови идеи и креативен пристап, ги користиме знаењето и вештините кои ги имаме за да создадеме незаборавно искуство за клиентите.

Ministry of Interior

© 2022 - All Rights Reserved by Adora Event Solutions.